МЗТ Скопје Аеродром официјално ја продолжи соработката со браќата Дамјан и Војдан Стојановски.
Обновувањето на договорите со двајцата искусни репрезентативци било еден од главните приоритети на управата во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
За капитенот Дамјан Стојановски ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес. Најтрофејниот македонски кошаркар ќе има можност да ја нападне својата 12. шампионска титула, а сите досегашни ги освои токму со МЗТ Скопје.
Неговиот брат Војдан, пак, ќе ја започне шестата сезона во клубот, во кој се врати на почетокот на 2022 година.




