Украина и Европска Унија склучија договор за беспилотни летала, со кој се комбинира украинската експертиза со индустрискиот капацитет на Европа за спроведување заеднички проекти и проширување на производството, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа, во Киев, во говорот по повод Денот на државноста на Украина, нагласи дека „овој договор ќе ја комбинира украинската генијалност со индустриските капацитети на Европа“.

На Самитот на НАТО во Анкара, Украина потпиша три такви договори со поединечни земји, но денешниот договор е прв што ги опфаќа земјите и компаниите од цела ЕУ.

Лајен наведе дека ЕУ би можела да ѝ понуди на Украина предности како што се „огромен технолошки и индустриски капацитет“ и „безбедни и сигурни производствени погони“.

Украина денеска го одбележува Денот на државноста, а во Киев се одржува Самит Украина – Југоисточна Европа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека ќе ја одликува Лајен со Орден на Европа за нејзините „исклучителни лични заслуги за помагање на Украина во одбрана на нејзината независност и безбедност на цела Европа“.