Во последните американски напади врз Иран извршени од 22 јуни досега се убиени најмалку 38 лица, а повеќе од 400 се повредени, соопшти денеска иранското Министерство за здравство.

„Бројот повредени во американските напади надмина 400, а 38 наши сограѓани загинаа како маченици“, напиша на платформата „Икс“ портпаролот на Министерството за здравство Хосеин Керманпур.

Меѓу загинатите, според него, има три жени и едно дете.