Експлозии повторно се слушаат во главниот град на Бахреин, Манама, при што повторно се огласија сирените за воздушна опасност.
„Сирените за тревога се активирани. Граѓаните и жителите треба да останат смирени и да се упатат кон најблиското безбедно место“, се посочува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Бахреин објавено преку социјалната мрежа „Икс“.
И во соседен Кувајт армијата соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана пресретнала ирански дронови.
Преходно беше соопштено за напади извршени во текот на изминатата ноќ врз Кувајт, Бахреин и Јордан, сите држави во кои се распоредени американски воени сили, во услови на зголемена регионална ескалација меѓу САД и Иран.




