Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска заедно со командантот на 1. пешадиска бригада бригадниот генерал Дејан Чиплаковски ќе ги посетат припадниците на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.
За време на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, Мисајловски ќе изврши увид во градежните активности кои се изведуваат во оваа касарна.
По увидот, министерот Мисајловски ќе даде изјава за медиумите.




