Попладнево заснежи на Попова Шапка. Необичниот студен бран донесе снег на највисоките делови од Шар Планина, додека низ Македонија температурите паднаа далеку под просекот за крајот на јули.
Иако календарски е средината на летото, денеска на повисоките делови на Шар Планина, над Попова Шапка, падна снег.
Имено, ова претставува класичен пример зошто секогаш треба да носите соодветна опрема-облека на планина.
Над 2300 метри денес температурата во минус.




