Индустрискиот сектор во Германија губи околу 15.000 работни места секој месец, предупреди раководителката на Федерацијата на германски индустрии (BDI), Тања Генер.

Геополитичките случувања, како што се царинските политики на САД и растечката индустриска доминација на Кина, влијаат врз германската индустрија.

Генер во изјава за ДПА предупредува дека ситуацијата во индустрискиот сектор е критична, но оти се уше има можност работите да се поправат.

– Убедена сум дека ако си ја завршиме домашната задача, повторно ќе имаме можности. Иновацијата долго време е врвен приоритет за многу компании, вели Генер.

Според неа, излезот треба да се бара во инвестирањето во нови технологии, како што е вештачката интелигенција.

BDI претставува околу 100.000 компании, кои заедно вработуваат повеќе од 8 милиони работници.

Фото: архива