Американскиот Стејт департмент соопшти дека од 4 до 6 август во Рим ќе се одржат нови разговори помеѓу Израел и Либан во рамките на воспоставувањето „пилот зони“.
Во Рим на техничко ниво ќе се разговара и за нерешените гранични прашања помеѓу двете држави и за сеопфатен договор за мир и безбедност.
Либанската армија на 21 јули почна да се распоредува во „пилот зоните“ во јужен Либан, кои претходно беа под контрола на израелската армија.
Предавањето на контролата е договорено помеѓу Израел и Либан со посредство на Вашингтон, а договорот предвидува постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, а Хезболах, кое има поддршка од Иран, да биде разоружан.
Хезболах е против договорот со Израел и одбива да се разоружа. Шиитската група го вовлече Либан во нова војна со Израел на почетокот на март откако го нападна Израел во знак на солидарност со Иран.




