Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Демократска Република Конго се зголеми на 3.262, вклучувајќи 1.437 смртни случаи, покажуваат најновите податоци што ги соопшти Министерството за здравство на земјата.

Во соопштението се наведува дека најновиот број заболени во Конго речиси го достигна истото ниво што беше забележано за време на епидемијата во периодот од 2018 до 2020 година, која беше најголемата некогаш забележана во таа земја.

Епидемијата на ебола во Конго почна кон крајот на април годинава, а моменталната стапка на смртност е 43,9 отсто.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), речиси 90 отсто од случаите на заболени од ебола се регистрирани во провинцијата Итури на североистокот на Конго, во близина на границите со Уганда и Јужен Судан.