Ширењето страв е најевтината политичка кампања, посочува пратеникот Љупчо Пренџов.
Во Собранието, обраќајќи се кон пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска, пратеникот посочи:
-Ајде да видиме што сте збореле за истиот овој буџет. „Од каде ќе најдете пари за исплата на пензиите? Нема, нема“. Ова вашиот драматичен. „За декември веќе ги изедовте парите, за декември пензионерите сигурно нема да имаат пензии“. Тренчевска, имавте 20 минути, ви остана и време, зошто не се извинивте?.
Пренџов ја потсети пратеничката на низа лаги кои ги кажуваше во Собрание, а не им се извини на македонските граѓани.
-Ќе ги исплашиш граѓаните. Ќе те демантираат фактите. И потоа ќе продолжиш како ништо да не се случило? Тоа не е политичка грешка. Тоа е манипулација. Дали за вакво нешто следува извинување или нова лага? – порача Пренџов.




