Јак и „ГОЛЕМ“ на пишано, малечок и страшлив на дело. Во стилот на СДС, која свесно си се самоукинува, така и нејзините ботови го следат примерот на Филипче, пишува Курир.

Профилот „Цандо Големиот“ на мрежата Икс, поранешен Твитер, си се самозгасна по бурните реакции во јавноста за контроверзната објава со која му посака смрт на македонскиот блогер и водител Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит. Јак на зборови, но при првата шанса органите на прогонот да отворат истрага за неговиот шизофрен садизам на соц-мрежите, Цандо „фати штрафта“. Вистинскиот збор за него е ПАЦЕР, сленг за човек кој се прави мангуп и силен фраер, а всушност е обично лигле кое ја фаќа првата кривина и бега од последиците на неговите мизерни дела.

Профилот, кој е близок на врвот на СДСМ, според претходно објавените фотографии, во навредливата објава се ситеше на смртта на бардовите на македонското глумиште Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски, а таква судбина му посака и на Илиевски.

„Двајца паднаа, уште еден останува“, напиша на англиски профилот, покрај фотографијата од тројцата од времето на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Информацијата за згаснување на профилот „Цандо Големиот“ ја објави самиот Илиевски на Фејсбук.

„Анонимниот кретен кој сакаше сите да умрат, се ситеше на смртта на великиот Гоце Тодоровски и ми порача (си посака) дека јас сум следниот на листата… се деактивирал од твитер. Кај анонимен, па и вуна фати, откако малку јавност му беше дадена“ – пишува Илиевски во пост со наслов „Лешперот се самоукина“.

По реакциите во јавноста, партијата ВМРО-ДПМНЕ побара надлежните институции веднаш да реагираат и да постапат согласно законите за да го истражат случајот и да го идентификуваат профилот и го повика СДСМ да се огради и да го осуди овој, како што го нарече, морбиден и опасен говор на омраза.

Еве, како се јачаше довчерашниот заканувач, а денешен ПАЦЕР Цандо Големиот, голем само на зборови, сега ни таму…

И последното недело на „по ново“ – Цандо Пацерот:

„Нема да ни фалиш, будалче. Нека партијата ти и Венко го следат твојот пат“…

„One down, а few hundreds bots to go“, пишаа граѓаните на социјалниоте мрежи, тролајќи го довчерашниот опасен СДС фраер, денешен обичен пацер.

Извор: Курир