Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ и неговиот албански колега, Ферит Хоџа, договориле отворање конзулати во Скадар и во Бујановац, пренесува АТА повикувајќи се на изјава на Ѓуриќ дадена за српското државно радио.
Според Ѓуриќ отворањето на овие конзулати ќе биде чекор кон зајакнување на односите меѓу двете земји, при тоа позитивно оценувајќи ги последните разговори со министерот Хоџа.
„Задоволен сум што имав толку добри разговори со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа, со кого постигнавме принципиелен договор за отворање конзулати на двете земји во Скадар и Бујановац“, изјавил Ѓуриќ.
Двајцата министри оствариле средба на маргините на Министерскиот состанок за враќањето на политичкиот тероризам, свикан од американскиот државен секретар Марко Рубио, одржан пред две недели во Вашингтон.
Зборувајќи за процесот на европска интеграција, изјавил дека Србија го забрзала спроведувањето на реформите поврзани со агендата на Европската Унија, нагласувајќи дека членството во ЕУ останува национален интерес на Белград.
Во врска со Косово, Ѓуриќ рекол дека владата на премиерот Албин Курти станува сè поизолирана на меѓународната сцена.
„Колку повеќе режимот на Курти користи насилство врз Србите и оние кои размислуваат поинаку, толку повеќе станува поизолиран во меѓународната заедница. Ова е во наша корист“, констатирал Ѓуриќ.




