Европска комисија денеска соопшти дека ќе и додели на Украина 3,47 милијарди евра за борбени авиони, беспилотни летала, ракети и средства за противвоздушна одбрана.

– Средствата се дел од вкупниот заем за Киев од 90 милијарди евра. Денешната одлука е поврзана со итните воени потреби на Украина, се наведува во соопштението на ЕК.

Украина со парите ќе набави беспилотни летала со долг дострел и борбени авиони „Грипен“.

ЕК најави дека следните недели Украина ќе добие дополнителна поддршка за беспилотни летала, муниција, воздушна одбрана и ракети.

ЕК на 25 јуни издвои 3,2 милијарди евра за Украина во рамките на програмата за макрофинансиска помош, а подоцна изврши две дополнителни исплати во вкупен износ од пет милијарди евра. Киев годинава ќе добие вкупно 28,3 милијарди евра од ЕУ за одбрана и 16,7 милијарди евра буџетска поддршка.

Заемот за Украина изнесува 60 милијарди евра за одбрана и 30 милијарди евра за буџетска поддршка.

Од почетокот на руската воена офанзива врз Украина, ЕУ обезбеди над 220 милијарди евра поддршка за Киев, меѓу кои и 3,8 милијарди евра од руските замрзнати средства поради санкциите на ЕУ.

фото: архива