Денеска во македонското собрание се случи преседан. По многу неаргументирани отсуства од законодавниот дом, за кои претседателот на СДС немаше никакво оправдание ниту изговор, Венко Филипче денеска на големо изнанедување на сите во парламентот кои одамна се навикнаа на неговото отсуство, апансас се појави на седницата посветена на пратенички прашања.

Претходно, како што објави Курир, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, го прозва „лидерот“ на СДС, кој го гледавме катадневно, но саде на прес конференции во партијата или поретко на терен каде злорадо собираше евтини политички поени по некаква несреќа или неквалитетна вода, како во Гостивар. Нејсе што вината за истата беше кај локалната власт и градоначалникот кои тој со Ахмети и Таравари ги избра пред 10-на месеци.

Дали токму Пренџов  го кандиса Филипче да смогне сили и храброст и, конечно, да се појави на работното место? Тој вчера со доза на прекор и се обрати кон опозиција. Истакна и дека Халеевата комета почесто се појавува од Венко Филипче во Собрание.

„Наместо на говорница – прес од Бихаќка. Бега од Собранието или од аргументите?“- праша Пренџов.

И така, сакала или не, „Халеевата комета денеска прелета покрај собранието“, исто како што и Венко Филипче се појави во собраниските клупи.

Граѓаните веќе на големо се шегуваат на социјалните мрежи и потсмешливо прашуваат: „Нема ваљда да чекаме нови 75-76 години (времето на појава на Халеевата комета) за да Венко пак се појави во Собранието?“ Други препорачуваат сопартијците да го прошетаат и да му направат една тура за запознавање со Собранието. Трети коментираат дека и онака нема никаква разлика дали Филипче се појавил или не во законодавниот дом. Четврти саракастично коментираат дека е циција и не доаѓа затоа што на Бихаќка се му е гратис, а во во собранието мора да плати „прескапо“ пратеничко кафе од 15 денари…

Вака, пак, на ненадејната појава онаму каде што мора да биде (а, не е) би му одговориле Монти Пајтон, со вонвременскиот скеч со „Никој не ја очекува шпанската инквизиција“. Само заменете го антологискиот лик на Тери Џонс со опозицискиот „лидер“.

И уживајте во „Летечкиот циркус на Монти Филипче“…

Извор: Курир