Нашата должност е да го продолжиме патот на илинденците, а денешната борба е за достоинствен живот, правда, владеење на правото и европска иднина на Македонија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето од Крушево по повод Денот на Републиката, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Филипче потсети  дека идеалите за кои се бореле илинденците и денес остануваат патоказ за развојот на државата и обврска на сегашните генерации да изградат подобра иднина за сите граѓани, а вистинската почит кон Илинден не е само во сеќавањето на минатото, туку и во создавањето држава во која граѓаните ќе имаат сигурност, достоинство и перспектива.

„Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина. Затоа ние се бориме за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес. За Македонија во која има чиста вода, достоинствени плати и перспектива за младите. За Македонија која е дел од европското семејство – слободна, демократска и просперитетна“, рече Филипче.

Тој нагласи дека денес, повеќе од еден век подоцна, Македонија има обврска да го продолжи токму тој пат и да не дозволи државата да остане заглавена во проблемите што ги принудуваат граѓаните да заминуваат.

„Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат. Македонија не смее да остане заробена во минатото. Не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе. Илинденците се бореа против тиранијата на своето време. Денес нашата борба е против корупцијата, против изолацијата и против лажниот патриотизам што ја држи државата во место. Ние се сеќаваме на минатото. Но ја избираме иднината. За многу години Илинден! Да живее Македонија!“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче од Крушево: Илинденците се бореа за слобода, ние денес се бориме против корупцијата и изолацијата

Илинденците се бореа за слобода, ние денес се бориме против корупцијата и изолацијата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми од Крушево, по повод празникот Илинден, Денот на Републиката.

Филипче порача дека жртвата на илинденците не беше за изолација, страв и поделби, туку за слобода, правда и правото народот сам да одлучува за својата судбина.

„Илинденците се бореа против тиранијата на своето време. Денес нашата борба е против корупцијата, против изолацијата и против лажниот патриотизам што ја држи државата во место. Нивната жртва не беше за изолација, не беше за страв, не беше за поделби. Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, порача дека денешните генерации имаат должност да го продолжат патот на илинденците и да обезбедат подобра иднина за државата.

„Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат. Македонија не смее да остане заробена во минатото. Не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе“, рече Филипче, додавајќи дека сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина.

Фото: СДСМ

Линк до видео:  https://www.youtube.com/watch?v=msT_oVrYdPs

Линк до видео:  https://www.youtube.com/watch?v=msT_oVrYdPs