Косовски државјанин лишен од слобода откако полицијата утврдила дека возел со брзина од 220 километри на час на автопатот А1, каде што дозволената брзина е 120 километри на час.

Возачот Ш.З., на возраст од 36 години, бил приведен денеска во 8.41 часот на паркингот кај Милетково од полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Гевгелија.

Тој управувал патничко возило со косовски регистарски ознаки и ја надминал дозволената брзина за 100 километри на час.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава за несовесно управување со моторно возило.