Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра, стои во соопштението на СДСМ, на кое веднаш реагираа од Владата со наостри деманти дека е целосно лага и дека снабдувањето со вода на Гостивар е со целосно почитување на законот.
Во продолжение интегрално соопштението од СДСМ и подолу реакцијата од Владата:
Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас.
Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.
Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски.
Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.
Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании
Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден.
Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција.
Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите.
Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитрираат.
Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ




