Во Владата на Република Македонија утре (6 август) со почеток во 09:45 часот ќе се одржи свечено потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот VIII (Фаза 3).
На настанот ќе бидат потпишани Договор за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Средствата се наменети за реализација на проектот за изградба на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир, која претставува еден од клучните инфраструктурни проекти на Коридорот VIII.
Според најавата од Владата, на свеченоста ќе присуствува и свое обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски.




