Граѓаните на Албанија отсега можат електронски да поднесат барање за корекција или ажурирање на својата адреса преку порталот е-Албанија, без потреба од посета на административните шалтери.
Националниот адресен систем претставува единствен и стандардизиран регистар кој овозможува прецизна идентификација на улиците, зградите и административните единици низ целата земја.
Менаџерот за информатичка технологија во Дирекцијата за информациски и комуникациски технологии за развој при Министерството за внатрешни работи и Националната агенција за администрација на локалната самоуправа, Тергита Густа, изјави дека благодарение на ажурираните податоци и интеграцијата со државните системи, Националниот адресен регистар придонесува за поефикасно управување со територијата и подобро планирање.
-Електронската услуга „Корекција на адреси“, достапна преку порталот е-Албанија, им овозможува на граѓаните брзо, едноставно и безбедно да ги ажурираат своите адресни податоци преку интернет, изјави таа за медиумите.
Додава дека дигитализацијата на оваа услуга има за цел да ја зголеми точноста на податоците, да го олесни управувањето со адресниот систем и да им заштеди време на граѓаните при користење на јавните услуги.




