Бразилската манекенка и поранешен ангел на Викторија Сикрет, Алесандра Амброзио (37), во средата снимаше за италијанското издание на магазинот „Ел” во квартот Мала Хавана на Флорида.
Една од најпознатите манекенки во светот, папараците ја „фатија“ за време на облекувањето, и гледката особено ги изненади. Имено, мал момент на невнимание беше доволен за манекенката да открие малку повеќе.
Алесандра носеше кошула без копчиња, кратки црни шорцеви и чизми, кои ја истакнуваа нејзината фигура. Додека една од стилистките се обидуваше да и ја намести кошулата, на манекенката случајно ги „излегоа“ градите.
На крајот на 2017 година, Алесандра се прости од Викторија Сикрет, што ги изненади, но исто така и ја натажи нејзините многу обожаватели. Таа одлучи нејзината одлука да ја соопшти преку Инстаграм.