Денес, целата јавност е скандализирана од реакцијата на партијата Влен и нивното прозивање на обвинителството. Меѓународната заедница континуирано известува за притисокот на владата врз обвинителството и судовите, додека Влен јавно го потврди ова сомневање денес, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.

Извештајот на Европската Унија предупредува како никогаш досега за политичко мешање во владеењето на правото.

Обвинителството и судовите мора да одлучуваат врз основа на докази, а не врз основа на политички и партиски директиви.

Селективна партиска правда не им е потребна ниту на граѓаните ниту на С. Македонија.

ДУИ ја изнесе оваа загриженост пред меѓународните пријатели, вклучително и денешната изјава на Влен.

ДУИ повикува на европска, неселективна правда.

Обвинителите ја носат одговорноста и мора да одлучуваат врз основа на закон, докази, вештачења, а не врз основа на партиски наредби и желби.

Влен се обидува да ја камуфлира својата неспособност и целосен неуспех со политички прогон и притисок врз обвинителството.

Нека Влен почне од своите редови, како на пример Изет Меџити и Висар Ганиу за над 250 милиони евра штета со незаконски градби, Бурим Латифи за над 19 милиони евра штета на буџетот, Недим Рама и други злосторници од нивните редови.

ДУИ