Британскиот премиер Ендру Барнам следната недела ќе тргне на национална турнеја со цел да ја подобри врската на владата со британската јавност, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“.
Се очекува премиерот да објави низа нови мерки што треба да им помогнат на граѓаните финансиски.
Иако Даунинг стрит сè уште не објави официјален распоред, се очекува премиерот да посети области каде што лабуристите ја изгубија поддршката во текот на изминатата деценија, како и области каде што индустријата се колеба.
„Тој верува дека Вестминстер е навикнат да им кажува на луѓето дека секојдневните маки, како што се скриените цени и измамите на потрошувачите, мора да се прифатат како дел од животот. Тој не мисли дека тоа е правилно. Затоа ќе започне со воведување низа мерки за намалување на трошоците за живот во корист на потрошувачите за да им се даде на луѓето барем малку простор за дишење“, рече портпаролот на Бернам.
Зголемените трошоци за живот по војната меѓу САД и Иран остануваат голема загриженост на британската јавност.
Анкета објавена од Ипсос кон крајот на јули покажа дека 30 проценти од луѓето ја навеле економијата како главна грижа, додека 22 проценти ја навеле инфлацијата или цените.




