На 08.08.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.М.(20) од Скопје, излетало надвор од коловозот и удрило во метална канделабра.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Ѓ.(20) од Скопје, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.




