Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието. Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека такa повторно ќе дојдат на власт, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски, што МИА го пренесува интегрално.
Таа политика излезе на виделина кога пратија осудени насилници да направат инцидент во Ново Село токму кога и претседателот Мицкоски беше таму.
Ефтимов и Стојанов, децата на Заев, осудени насилници без проблеми се ставија на располагање на Филипче и без никакво размислување отидоа да направат инцидент.
Но граѓаните ги прочитаа. Граѓаните знаат дека од овој СДС освен создавање на хаос и инциденти, проблеми и манипулации, друго и не може да се очекува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ




