Откако Изет Меџити го презеде раководењето со Општина Чаир, еден по еден пропаѓаат клубовите кои со години беа спортска гордост на Чаир, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.

Првиот и најдраматичен случај е ФК Шкупи.

Клуб кој пред само неколку години беше шампион на С. Македонија, настапуваше во европските натпреварувања и беше гордост на Чаир, минатата сезона заврши на дното на табелата и испадна од Првата лига.

Од шампион, до испаѓање од лигата.

Сега истото се случува и со кошарката.

Кошаркарската федерација соопшти дека КК Чаир не ги исполнил финансиските обврски за лиценцирање и нема да биде дел од Суперлигата во сезоната 2026/2027.

Според објавените информации, КК Чаир го имал најмалиот долг од трите клуба кои првично не добиле лиценца. Другите два клуба ги подмириле обврските и ја обезбедиле лиценцата.

Чаир не.

И токму тука Изет Меџити треба да им даде одговор на граѓаните.

Само во текот на 2026 година, Општина Чаир му доделила на овој клуб 3.600.000 денари јавни пари. Покрај овие средства, клубот имал и други извори на јавно финансирање.

Лицето поврзано со управувањето на клубот истовремено е вработено во администрацијата на Изет Меџити и имало одговорности токму во областа на финансиите.

Милиони денари се доделени на клубот. Лицето поврзано со клубот е внатре во финансискиот систем на Општината. А на крајот, клубот не успева да ги плати обврските потребни за да ја задржи лиценцата.

Затоа бараме одговори:

Колку пари вкупно добил КК Чаир од Општината и од другите институции? Каде завршија 3,6 милиони денари доделени само оваа година? За што се потрошени? Колкав бил долгот кон Федерацијата кој не бил платен? И како имало милиони денари за клубот, а немало пари за да се спаси неговата лиценца?

Изет Меџити треба да одговори и кој го контролирал начинот на кој се користеле овие јавни средства, кога лицето поврзано со клубот истовремено е дел од администрацијата која се занимава со финансиите.

Денес веќе не станува збор за изолиран случај.

ФК Шкупи — од шампион, надвор од Првата лига.
КК Чаир — од Суперлигата, без лиценца.

Два од главните спортски клуба на Чаир се урнаа пред нашите очи.

Ова е спортскиот биланс на Изет Меџити во Чаир.

На Чаир не му недостигаат спортисти. Не му недостига талент. Не му недостига традиција. Му недостигаат управување и одговорност.

Изет Меџити треба да каже што се случува со спортот во Чаир и каде завршуваат јавните пари наменети за него.

Колку клубови треба да пропаднат за конечно некој да понесе одговорност?

Вчера ФК Шкупи.
Денес КК Чаир.
Кој е следен?

ДУИ