Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи и работи за оние кои ја градеа државата. ВМРО- ДПМНЕ во предизборието вети 5.000 денари но за само две години пензиите на сите пензионери се зголемија линеарно за 7.000 денари, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Над 330 000 пензионери денес имаат повисоки пензии и посигурен сеемен буџет.
Со ова линеарно покачување ги заштитивме оние со најниски примања, па така најниската пензија денес изнесува 18.192 денари додека пак просечната пензија достигна историско највисоко ниво и денес изнесува околу 28.120 денари.
ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата со конкретни политики и резултати и таа поддршка денес директно ја чувствуваат пензионерите во своите домови.
Пензионерите не се само бројка, туку генерации кои со децении ја граделе државата и токму затоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со посветено, домаќинско и одговорно работење да креира мерки и политики кои ќе донесат повисок стандард и сигурна иднина за сите граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ




