Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави денеска дека Европската Унија издвоила два милиони евра за помош за погодените од земјотресот во Колумбија.

„Додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат, ЕУ ја поддржува Колумбија секаде каде што е можно. Ние ставаме на располагање два милиони евра за поддршка на заедниците во најпогодените области“, рече фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа X.

Според неа, откако Колумбија го активираше Механизмот за цивилна заштита, ЕУ работи на усогласување на помошта со потребите на терен.