Нема ешерихија коли или било која друга бактерија во водата во Скопје.

Ова на денешната прес-конференција го истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Скопје има една од петте најдобри води и извори во Европа. Не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Секој ден на дневна основа се прават по 36 испитувања на примероци кои се земаат од разни локации во градот, истакна Ѓорѓеивски.

Додаде дека нема проблем со водоснабдувањето и притисокот во Градот.

По однос на масовното ширење на пораки по социјалните мрежи за тоа дека во водата од градскиот водовод во Скопје е пронајдена ешерихија коли, Ѓорѓиевски нагласи дека се работи за организиран напад од опозицијата.

-Ова е за ширење на хистерија, рамно на терористички напад. Се сумираат сите профили на социјалните мрежи и уредно во текот на денот ќе бидат доставени во МВР да се постапи соодветно по истите, нагласи Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски пиеше вода за да докаже дека е безбедна: Од скопската вода пиеме јас и моето семејство

Пред медиумите, тој побара вода од чешма и ја испи за да докаже дека водата е чиста и безбедна за пиење.

-Сакам да се напијам пред вас, да знаете дека во Скопје водата е безбедна и дека скопјани пијат безбедна вода. Јас, моето семејство и мојот 8 ипол годишен син ја пиеме оваа вода, рече Ѓорѓиевски.

Тврди дека станува збор за ширење злонамерни дезинформации и создавање хистерија. Тој најави одговорност за оние кои со тоа ја вознемируваат јавноста и предиздивикуваат паника кај наслението. Не исклучува зад тоа да стојат и обиди за политичко профитерство од одредени структури.