Лични и професионални податоци на француски даночни обврзници се украдени во кибернапад, соопшти Министерството за финансии на Франција.
„Злонамерни лица“ објавија синоќа дека успеале да влезат во компјутерите на даночната агенција, се вели во соопштението. Истрагата го потврди кибернападот, што доведе до преземање податоци за даночните обврзници.
Во тек е понатамошна истрага за да се утврдат специфичните податоци и точниот број на погодени даночни обврзници.
„Засегнатите корисници ќе добијат индивидуални информации“ за штетата „и мерките на претпазливост што ќе бидат преземени“.
Француски медиуми јавија дека се верува дека се украдени податоците на речиси 700.000 француски даночни обврзници.




