Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази благодарност до припадниците на Армијата, истакнувајќи ја нивната посветеност, одговорност и професионализам во извршувањето на задачите во служба на државата и граѓаните.
Во објава на својот профил на Фејсбук, Мицкоски нагласи дека Армијата претставува многу повеќе од униформа и оти нејзината улога е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста на државата.
– Армијата е многу повеќе од униформа. Таа е чест, одговорност, дисциплина и посветеност. Таа е силата што стои зад безбедноста на државата и луѓето кои живеат во неа – напиша премиерот.
Тој им оддаде признание на сите активни припадници на Армијата, старешини и службени лица кои, како што посочи, со достоинство и одговорност ја извршуваат својата мисија во интерес на државата.
фото: Фејсбук профил на премиерот




