Манчестер Сити разгледува можност за голем трансфер на Алексис Мекалистер од Ливерпул.
Според британските медиуми, англискиот гигант во наредните денови би можел да испрати понуда за аргентинскиот репрезентативец.
Мекалистер пристигна во Ливерпул во 2023 година од Брајтон и постепено се наметна како една од главните фигури во средниот ред на „црвените“.
Токму неговата комбинација од технички квалитети, борбеност и тактичка интелигенција го прави интересна опција за Сити.




