Скопје и Гевгелија беа домаќини на Европското првенство за кошаркари до 16 години, Дивизија Б, а Македонија доби позитивни оценки за начинот на кој го организираше шампионатот.
За успешно реализираното првенство, Кошаркарската федерација на Македонија доби специјална плакета. Дополнително признание пристигна и од претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, кој за време на престојот во земјата ја пофали организацијата.
Гарбахоса оцени дека Македонија напредува во градењето партнерски однос со ФИБА, што претставува значаен сигнал за иднината и можностите на земјата за организација на нови големи европски натпревари.
Успешната реализација на првенството во Скопје и Гевгелија е уште една потврда дека Македонија има капацитет да биде домаќин на меѓународни кошаркарски настани и да ја зацврстува својата позиција во европската младинска кошарка.




