Тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо има два кандидати за заминување од тимот а тоа се Едуардо Камавинга и Раул Асенсио.
Португалскиот стратег доби неколку засилувања во текот на летото, но по две сезони без освоен трофеј, амбициите во Мадрид повторно се највисоки.
Сепак, Мурињо смета дека ростерот сè уште не е комплетен и сака дополнително да ја засили екипата.
Приоритет се уште еден централен дефанзивец и фудбалер за врска. Но, за да пристигнат нови имиња, Реал мора да продаде дел од актуелниот состав.
Според шпанските медиуми, засега нема конкретни чекори за заминување на Камавинга или Асенсио.
„Во моментов нема никакви конкретни потези или активности поврзани со потенцијалното заминување на Камавинга и Асенсио“, наведуваат медиумите.




