Украинските антикорупциски служби денеска соопштија дека спроведуваат операција за откривање „криминална организација“ предводена од актуелен и поранешен пратеник, во која се вклучени и високи функционери од Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

Националното антикорупциско биро на Украина (НАБУ) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (САПО) не соопштија детали за истрагата, но најавија дека наскоро ќе објават повеќе информации.