Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба и му посака добредојде на новото одбранбено аташе на САД, потполковник Андру Шели.

-Нашите две земји се стратешки партнери и сојузници во Алијансата. Долгогодишната плодна соработка со САД ни овозможи да ги зајакнеме капацитетите на македонската Армија, да ја зацврстиме сигурноста дома и да придонесеме кон јакнењето на колективната безбедност на НАТО. Нашата заедничка цел е соработката која несомнено претставува пример за тоа како две сојузнички земји работат и се развиваат заедно, да продолжи и во иднина. Македонската Армија се засили со нова и софистицирана опрема од американско производство, а тој тренд ќе продолжи и следните години, објави Мисајловски на својата Фејсбук станица.

Министерот додаде дека со потполковникот Шели ќе работат непосредно и континуирано бидејќи соработката значи безбеден и сигурен регион и силна колективна безбедност.