Премиерлигашот Тотенхем планира до крајот на преодниот рок да купи играчи од нападот, а во пред план сега е тандемот од Манчестер Сити Савињо и Омар Мармуш. Според британските медиуми преговори се почнати, но договор не е постигнат.

Савињо подолго време е цел на Тотенхем, а бразилскиот фудбалер летово истакна дека сака трансфер во клубот од Лондон. Манчестер Сити од француски Троа го купи за 40 милиони евра, а сега бара 70 милиони.

Во игра сега е и репрезентативецот на Египет Мармуш, кој во премиерлигашот дојде од Ајнтрахт Франкфурт.

Тотенхем под водство на менаџерот Роберто Де Зерби планира засилувања за нападот, а во комбинација беше и крилото на Ливерпул Коди Гакпо.

Тотенхем во првото коло од Премиер лигата гостува кај Брентфорд, а натпреварот се игра во сабота. (МИА)