Англиската Астон Вила донесе нови фудбалери и денеска претстави уште двајца.

Покрај Манзамби, Гарначо и Жоао Гомеш, Астон Вила денеска придодаде уште двајца фудбалери во ростерот на Унаи Емери, а тоа се нов голман и нов лев бек.

Зајон Сузуки пристигнува од Парма за сума од 35 милиони евра за да биде прв голман и наследник на Дибу Мартинез, додека левиот бек пристигна од Атлетико Мадрид.

Матео Руџери за сума од 24 милиони евра пристигна во Премиер лигата, а денеска заедно во друштво на Сузуки двајцата позираа во друштво на Емери.