Повеќекратниот кошаркарски шампион Работнички претстави уште едно засилување за новата сезона. Во редовите на тимот од Градски парк пристапи Кристијан Николов.
Македонски репрезентативец кој ќе треба да биде квалитетно засилување за Работнички на бековските позиции.
Николов е искусен кошаркар со богато меѓународно искуство, кој во текот на својата кариера настапувал во повеќе европски клубови и има настапувано и за повеќе возрасни категории во македонските репрезентации.
Со ангажманот на Кристијан Николов, Работнички добива искусен и квалитетен македонски репрезентативец, кој треба да биде значаен дел од тимот во новата сезона. (МИА)




