Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи на Гренд слем турнирот УС опен поради проблемот со десното колено. Тој веста ја објави социјалните мрежи.
Синер се подготвуваше во Монте Карло последните денови, но со својот тим процениле дека сè уште не е подготвен за настап.
„Иако работев напорно со својот тим и со медицинскиот тим, моравме да донесе тешка одлука, дека оваа година нема да се натпреварувам на УС опен“, напиша Синер.
Отсуството на Синер ќе претставува сериозен удар за организаторите, бидејќи тој важеше за еден од главните фаворити за освојување на пехарот. Тој во 2024 година триумфираше на УС опен, додека лани го загуби финалето од Карлос Алкараз. (МИА)




