Со церемонијата на свеченото отворање вечерва во Таранто беа отворени 20.те Медитерански игри што се одржуваат во италијанскиот град Таранто. На овие Игри македонскиот спортски тим го има четвртото учество, а сега има и најбројна делегација составена од 88 спортисти.
Знаменосци на Свеченото отворање на македонското знаме беа Леона Миленкоска (капитен на ракометната репрезентација) и Дејан Георгиевски освојувач на медали на Медитеранските игри (сребро во Тарагона 2018 и бронза во Оран 2022).
Македонските спортисти досега на трите учества имаат освоено вкупно 14 медал.
Натпреварите 33-те спортови ќе се одржуваат до 3.септември кога на програмата се последните дисциплини.
На Свеченото отворање присуствуваше и претседателката Гордана Силјановска-Давкова. (МИА)




