Пет години ВМРО и Христијан Мицкоски ширеа лаги, конструкции и водеа политичка кампања против претседателот Венко Фулипче со монструозни обвинувања за модуларната болница, стои во соопштението на СДСМ, во врска со одлуката на ОЈО ГОКК за модуларната болница во Тетово, пред заминувањето од функцијата на Ислам Абази, кој беше избран на чело на ова обвинителство во време на владеењето на СДСМ и ДУИ.

Во продолжение интегрално соопштението на СДСМ:
Ја злоупотребуваа трагедијата, ги злоупотребуваа болката и чувствата на семејствата кои ги загубија своите најблиски и бесрамно лажеа.
Денеска сите тие лаги потонаа.
Јавното обвинителство јасно утврди дека нема основа за одговорност на д-р Венко Филипче, нема злоупотреба на службената положба, нема штета на Буџетот, нема никаков криминал.

ВМРО, Мицкски и 40% од медиумите од Орбановата мрежа водеа црна кампања, лепеа монструозни етикети, го нарекуваа Филипче убиец, Менгеле, се оцрнуваше лекар и професор кој целиот свој професионален живот го посветил на лекување пациенти.
По пет години лаги, најмалку што можат да направат Мицкоски и ВМРО е јавно да се извинат.
Да им се извинат на семејствата на загинатите чии болка и трагедија безмилосно ги користеа за дневнополитички поени.
Да им се извинат на граѓаните кои пет години ги лажеа и манипулира.




