Пожар вечерва избувна во селото Палиград, а пламените јазици се приближуваат кон селото.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али информира дека утре во утринските часови ќе има и воздушна интервенција за гаснење на пожарот.

– Заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, будно ја следиме состојбата и работиме на локализирање на пожарот. Екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ, континуирано следејќи ја состојбата и подготвени да реагираат во секој момент, со цел да го заштитат селото и жителите, вели Али.




