Манчестер Сити го договори трансферот на еден од најголемите светски таленти, Ајуб Буади од редовите на Лил.

Англискиот шампион се согласи да плати пакет вреден дури 100 милиони евра, во кој се вклучени и дополнителните бонуси.

​Младиот марокански фудбалер е изоставен од составот на францускиот клуб за денешниот натпревар, што е јасен знак дека зделката е пред самата завршница.

Буади на почетокот од следната недела треба да ги мине медицинските прегледи и официјално да го стави својот потпис на договорот со гигантот од „Етихад“.