На 22.08.2026 во 18:50 часот во ОВР Гостивар, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен мотоциклист.

-По извршени проверки било утврдено дека се работи за Н.Ј.(64) од с.Вруток, гостиварско, кој управувајќи мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на шумски пат во атар на с.Јеловце, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.