Министерството за внатрешни работи информира дека учениците кои се примени согласно објавената ранг листа на примени ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се повикуваат на 01 септември 2026 година во 10,00 часот да бидат присутни во Полициската академија на МВР во Идризово заедно со еден родител/старател/законски застапник по закон со документ за идентификација, за потпишување на Договор за школување.

Во Полициската академија учениците ќе престојуваат до 04 септември 2026 година до 15,00 часот.

-Поради интернатско сместување на учениците, истите е потребно да си понесат облека, спортска облека, средства за лична хигиена и други лични средства, но не и вредни лични предмети. Напоменуваме дека примените ученици е потребно да се отпишат од средното училиште каде биле редовни ученици, како и да побараат да бидат отпишани од ЕМИС ЕСАРУ системот за е-дневник, посочуваат од МВР.

Ранг листата на примени кандидати е официјално објавена и во Средното полициско училиште.