Во силното невреме со дожд и град што го погоди италијанскиот град Кремона, повредени се 43 лица, оштетени се покриви на стотици куќи, како и кулата и покривот на градското собрание, кое е едно од знаменитостите на градот, како и илјадници автомобили, објавија денеска италијанските медиуми.

Пожарникарите продолжуваат со интервенциите во Ломбардија и Венето, региони погодени од силнoто невреме што од вчера попладне зафати неколку области, а регистрирани се повеќе од 700 повици за помош, објави италијанската новинска агенција Аднкронос.

Во меѓувреме, во Кремона се проценуваат штетите по разорното торнадо.