Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза.

Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека Интер, додека Порто ќе биде домаќин на Манчестер Сити.

на „Енфилд“, Ливерпул ќе се соочи со Атлетико Мадрид, во реприза на драматичниот дуел од минатата сезона, кога англискиот тим славеше со 3:2. Во истиот термин Барселона ќе го пречека Феенорд, додека Наполи ќе игра против Арсенал.

На 10 септември во Лигата на шампионите ќе стартуваат и Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Баварците на домашен терен ќе играат против Боде/Глимт, додека Јунајтед ќе гостува кај Сабах.