Нафтените постројки на иранскиот остров Харг продолжуваат да работат, изјави денеска генералниот директор на иранската Национална нафтена компанија, Хамид Боварди, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека клучниот ирански нафтен центар е целосно уништен.
„Твитовите на Трамп се смешни, а ситуацијата на Харг е мирна и вообичаена“, изјави Боварди за иранската државна новинска агенција.
Тој потсети дека американските и израелските сили во минатото неколкупати го бомбардирале островот, од каде излегува 90 отсто од иранската нафта за извоз, но и тогаш работните активности не биле прекинати ниту за момент.
„Во моментов се обновуваат и модернизираат резервоарите за складирање на нафта и пристаништата“, прецизираше Боварди.
фото: архива




