Во Куманово продолжи судскиот процес против осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане на кој му се суди за четири убиства и два обида за убиство.
По службена должност му беше доделен адвокат, откако на претходното рочиште адвокатот му го откажа полномоштвото зашто спротивно на неговите совети тој не призна вина.
За однесувањето на обвинетиот на првото рочиште (кој се смееше и гледаше во плафон), невропсихијатарот Мице Дудучки вели: „Се работи за личност која во просториите на судот покажува псевдодементно однесување, а ние психијатрите тоа го нарекуваме Ганзеров синдром, односно глумење лудило, со цел – “не се сеќавам“.
Тој нагласува дека постоењето психопатологија само по себе не значи дека едно лице е непресметливо.
„Јас сум поборник на смртна казна кога се работи за убиства со умисла, посебно од користољубие“, вели Дудучки.




