Во Тирана, Драч и Корча, од 3 до 6 септември ќе се одржи „ Недела на македонската култура во Албанија“, во организација на македонскиот Културно информативниот центар во Тирана.
Ваква манифестација по првпат се одржа минатата година а оваа година програма е особено богата и обемна и ќе обедини голем број уметници и учесници од Македонија.
Во рамките на “Неделата на македонската култура” ќе бидат реализирани концерти, изложби, фолклорни настапи, поетски и драмски изведби, ДЈ настапи, промоција на вино и пиво, преку кои ќе бидат претставени македонската култура, уметност и традиција.
Според програмата предвидени се концерти на оркестарот Ајга и ансамблот Кон Темпора под диригентство на маестро Иван Еминовиќ, настап на фолклорното друштво „ЕуроАрт Академија“, концерт со поезија на квартет „Мевлем“, ДЈ сет на DJ Pass-N-G-R и DJ Spiro, промоција на македонски вина и ракија од винариите Бовин и Тиквеш, промоција на македонско пиво, монодрама „Меѓникот“ во изведба на Доне Донев, изложба на фотографии од Преспа на Пали Колефски, настап на фолклорно друштво од Мала Преспа и музичка настап на Кристијан Ѓорѓи, исто така од Преспа.
Оваа значајна манифестација се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Македонија, Амбасадата на Република Македонија во Албанија и Министерството за туризам, култура и спорт на Република Албанија.
Поддршка на манифестацијата дале и винариите „Тиквеш“ и „Бовин“, чии вина ќе бидат претставени на свеченото отворање.
Во духот на мисијата на Македонскиот културен центар во Тирана , кој има за цел не само да ја промовира македонската култура, туку и да ги поврзува уметниците и да создава можности за нови соработки, Неделата на македонската култура уште еднаш ќе покаже дека културата е најсилниот мост меѓу народите.
Во деновите на одржувањето на манифестацијата главниот булевар во Тирана ќе биде накитен со македонски знамиња.
фото: плакат




